Перез нема да ризикува: Реал Мадрид подготви изненадување за Винисиус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор оваа сезона е во одлична форма, па постигна 17 голови и запиша 14 асистенции на 38 настапи во сите натпреварувања.

Винисиус има договор на уште две години со „кралевите“, меѓутоа е еден од најмалку платените во тимот, па затоа Флорентино Перез ќе реагира.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Реал Мадрид му подготвува нов договор на Бразилецот, кој ќе му биде понуден на крајот на сезоната.

Романо тврди дека Перез го гледа Винисиус како еден од најважните фудбалери за иднината, па поради тоа се очекува да му даде соработка на нови пет или шест години.

Во екипата од Мадрид летово се очекува да пристигне и Килијан Мбапе како слободен фудбалер од ПСЖ, па така на нив ќе се гради иднината на „кралскиот клуб“.