Перез нема трпение: Му се подготвува црно сценарио на Азар!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Реал Мадрид минатото лето го ангажираше Еден Азар од Челси за 100 милиони евра и се очекуваше од него да биде големо засилување, но Белгиецот не ги оправда вложените пари во неговиот трансфер.

Шпанските медиуми објавија дека Азар сега вреди 40 проценти помалку, а во прилог не му оди ниту тоа што не е во добра форма, односно од првиот ден во Мадрид има вишок килограми и се соочува со многу повреди.

Доколку замина Азар, тогаш ќе се ослободи простор во буџетот за плати и така „кралевите“ ќе си направат пат за ангажирање на Килијан Мбапе следното лето.

Засега не е познато каде ќе се пресели белгискиот репрезентативец, но сигурно многу екипи ќе покажат интерес за неговите услуги.