Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид синоќа одигра 0-0 против Бетис и повторно ги разочара навивачите, а притоа ѝ дозволи на Барселона да избега на девет бодови разлика во Ла Лига.
Новиот кикс на „кралевите“ не му се допадна на претседателот Флорентино Перез, кој влетал во соблекувалната по натпреварот и имал што да им каже.
Перез бил лут и разочаран поради пропуштената шанса за триумф, па јасно им кажал што мисли за резултатот на фудбалерите и тренерот Карло Анчелоти.
Анчелоти повеќе не е безбеден на тренерското столче во Реал Мадрид, па почнаа шпекулациите за негова замена, која најверојатно ќе се случи на крајот на сезоната, а како главни кандидати за нов стратег се Томас Тухел и Раул Гонзалес.