Перез објасни зошто не можел да го купи Погба од Јунајтед


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека летово се обидел да го купи Пол Погба, па му објасни зошто тоа не му успеало.

Перез како пример го употреби Роберт Левандовски од Баерн Минхен. Тој кажа дека напаѓачот се обидувал да го донесе веќе неколку години, но едноставно тоа не е возможно доколку нема откупна клаузула, а клубот не сака да го продаде.

„Фудбалери како нив не се продаваат. Со години се обидуваат да го донесат Левандовски, но не можеме, зашто немаат откупна клаузула, а Баерн не сака да го продаде. Потоа ќе сфатите дека тоа е невозможно. Исто беше и со Погба“, вели Перез.