Перез објасни зошто Реал Мадрид не го купил Халанд

Реал Мадрид беше заинтересиран за услугите на Ерлинг Халанд ова лето, но Норвежанецот потпиша за Манчестер сити.

„Кралевите“ останаа без еден од најдобрите напаѓачи во светот, а претседателот на екипата, Флорентино Перез објасни зошто донел таква одлука.

„Преговорите со Килијан Мбапе не создадоа никаков проблем со Халанд. Меѓутоа, го имаме Карим Бензема и беше невозможно да го купиме Халанд. Не може да го ангажираме, а потоа да го оставиме на клупа. Тој е неверојатен фудбалер“, кажа Перез.

Шпанскиот првак претходно преговараше за Мбапе и беше блиску до потпис со Французинот, но тој реши да остане во Париз.