Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Флорентино Перез ќе продолжи да го води Реал Мадрид и во наредниот мандат, откако според излезната анкета на „Ел Чирингуито ТВ“ повторно ја доби довербата од членовите на клубот.
Долгогодишниот претседател на „кралскиот клуб“ освоил 64,1 проценти од гласовите, што му донесе убедлива победа на изборите и нов мандат на чело на еден од најтрофејните клубови во светот.
Перез е една од највлијателните фигури во современиот фудбал, а под негово водство Реал Мадрид освои бројни домашни и европски трофеи, вклучувајќи неколку титули во Лигата на шампионите. Неговиот актуелен проект вклучува дополнително зајакнување на тимот и продолжување на модернизацијата на клубот.
















