Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од главните луѓе кои сакаа да ја создадат европската Суперлига, Флорентино Перез кажа дека е среќен по одлуката на Европскиот суд за правда во Луксембург.
Перез вели дека со ова завршува монополот на УЕФА и клубовите ќе си ја одредат судбината.
„Во Реал Мадрид ја поздравуваме одлуката на судот. Во следните денови ќе го проучиме опсегот на оваа резолуција. Европскиот фудбал повеќе нема да биде монопол, туку клубовите ќе бидат господари на својата судбина. Мадрид ќе продолжи да работи за доброто на фудбалот. Ќе ги заштитиме играчите и ќе ги возбудиме навивачите. Никој не рече дека е лесно да се стави крај на монополот“, кажа Перез.