Перез плачеше за време на збогување со Модриќ и говорот на Карло Анчелоти (Видео)


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Емотивна сцена на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го одбележа збогувањето на Карло Анчелоти, кој со трогателен говор им се заблагодари на сите што му биле дел од патот во Реал Мадрид.

Италијанскиот експерт разбуди спомени на најсветлите моменти од неговата кариера во “кралскиот клуб”, од историски пресврти до незаборавни голови на неговите играчи, додека навивачите од трибините во солзи го поздравуваа својот тренер.

– Добар ден на сите. Не мислете дека е лесно да се говори денес. Ми беше чест и задоволство да го водам овој клуб, овој тим. Пред се, сакам да му се заблагодарам на мојот почитуван претседател, Флорентино. Беше фантастично, благодарам за овие моменти. Беше извонредно да го доживеам сето ова со вас – рече Анчелоти.

Неговите зборови не го оставија рамнодушен ниту претседателот Флорентино Перез, кој, видливо потресен, ги сподели емоциите со целиот стадион.

Фото: Принтскрин

.