Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матео Ковачиќ се враќа во Мадрид по завршувањето на позајмицата во лондонски Челси, иако Хрватот не остави некој впечаток на „Стефорд Бриџ“, Сари изјавуваше дека сака продолжување на соработката со играчот за врска.
До тоа изгледа нема да дојде, а Реал Мадрид по пишувањата на Кадена Сер ќе ги одбие и своите најблиски соседи, Атлетико Мадрид.
Четата на Диего Симеоне се интересираше исто така за 24-годишниот играч за врска, но Реал беше јасен дека не сака да соработува со омразениот ривал.
Судејќи по се, Матео ќе добие шанса да се докаже кај францускиот стратег во текот на подготвителниот период по што ќе донесе конечен суд за неговата судбина.
За потсетување, играчот за врска има договор со Мадриѓаните до 2021. година, оваа сезона во ПЛ одигра 28 натпревари со само две забележани асистенции.