Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез ги критикуваше водечките тела на светскиот фудбал, потврдувајќи ја поддршката за Суперлигата, натпреварувачки проект кој е замислен како замена за Лигата на шампионите.
Перез во воведниот говор на отворањето на Генералното собрание на клубот директно ја обвини Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), дека за нив парите се најважната работа.
„ФИФА го зголеми бројот на репрезентативни паузи, а УЕФА го зголеми бројот на натпревари во своите натпреварувања. Пред десет години УЕФА организираше 488 натпревари, денес организира 760, а сето тоа за да заработи повеќе пари. Не им е грижа за играчите. Не мислат дека спортот треба да биде одржлив“, рече 77-годишниот претседател на мадридскиот клуб.
„Лекарите го истакнуваат уморот како главна причина. Освен тоа, натпреварите се сè подоцна, што им го оневозможува на играчите одморот“, рече Перез и додаде дека новиот формат на Лигата на шампионите е лош како и дека решението е создавање Суперлига, натпреварување кое би „му го вратило на фудбалот неговиот големина“.
„Пресудата на Европскиот суд, која е историска и ќе се изучува на факултетите, го заврши монополот на УЕФА. Долго време велам дека фудбалот е сериозно болен. Никогаш не бил во толку деликатна ситуација. Сите првенства страдаат“, истакна тој.