Перез притискал за заминување на Кејлор Навас


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез притискал да се изврши размената на голмани помеѓу ПСЖ и неговиот клуб.

Во последниот ден од преодниот рок Реал го загуби Кејлор Навас кој потпиша договор со ПСЖ, додека во спротивен правец на позајмица се упати Алфонс Ареола.

Според „Сокер Линкс“ токму Перез ја донел конечната одлука и му ја соопштил на тренерот на клубот, Зинедин Зидан.

Ареола треба да биде резервна опција на Тибо Куртоа на „Сантијаго Бернабе“ додека Навас ќе биде прв избор во ПСЖ.