Перез пронајде моќен „прототип“ на современ фудбалер


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Флорентино Перез е свесен дека ќе треба да започне реконструкција на тимот, а со цел да ги оствари своите замисли ќе го сруши и светскиот рекорд.

Реал Мадрид отсекогаш бил клуб кој ги поместува границите, како по бројот на трофеите, како што е трите последователни Лиги на шампиони, така и по прашање на најголемите трансфери.

Познато е дека Кралските биле првиот клуб кој реализирал два трансфера поголеми од 100 милиони евра доведувајќи ги Кристијано Роналдо и Герет Бејл уште пред 10-15 години.

Во меѓувреме, Реал стана далеку најгламурозниот клуб во светот и атрактивен апсолутно за сите, и Флорентино Перез игра на таа карта.

Големата желба на Перез е доведување на Вилијам Салиба кој одигра импресивно за Арсенал токму во елиминацијата на Реал во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Според информациите од Франција, Перез наводно му порачал на Салиба да дојде во Реал и дека ќе стане лидер на одбраната на повеќекратниот европски шампион.

Фото: Принтскрин