Перез решил да го растури ПСЖ – по Мбапе ќе договори уште една ѕвезда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе на лето ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид, откако реши да го напушти ПСЖ, а претседателот на шпанскиот гигант Флорентино Перез решил да земе уште еден играч од Париз.

Шпанските медиуми пишуваат дека во Мадрид би можел да се пресели и Ашраф Хакими, кој сака да замине од ПСЖ на крајот на сезоната.

Мароканецот игра за парижаните неколку сезони, откако Интер им го продаде за неверојатни 68 милиони евра.

Хакими за тимот од Париз одигра 105 натпревари, а притоа постигна 13 голови и 17 асистенции.