Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суперлигата сè уште е жива во мислите на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој не планира да се откаже и покрај заканите од УЕФА и ФИФА.
Реал Мадрид тврди дека УЕФА и ФИФА имаат илегален монопол на организација на сите натпреварувања, а „Мундо Депортиво“ пишува дека Перез сака да ја „оживее“ идејата за Суперлига.
Суперлигата беше замислена како натпреварување меѓу најсилните фудбалски тимови во Европа, а при создавањето беа контактирани околу 60 клубови.
Проектот за ново европско натпреварување набрзо беше згаснат од УЕФА, која се закани со санкции, а тоа ги разбуди и навивачите.