Перез сака ѕвезда на Јунајтед – ќе ја користи тактиката со која го зема Роналдо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да ангажира уште едно засилување од Манчестер јунајтед, а станува збор за талентираниот Алехандро Гарначо.

„Дејли Мејл“ пишува дека Перез е подготвен да ја искористи истата тактика која ја применил за ангажман на Кристијано Роналдо.

Гарначо оваа сезона има одлични настапи под водство на тренерот Ерик Тен Хаг и досега постигна седум голови и четири асистенции во 38 настапи сезонава.

Талентираниот Гарначо потпиша за „ѓаволите“ во 2020 година за 420.000 фунти од Атлетико Мадрид, а засега не е познато колку пари е подготвен да плати Реал Мадрид за неговиот потпис.