Перез се јави како претседател на Суперлигата: Ќе му помогнеме на фудбалот да биде подобар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голем потрес се случи во европскиот фудбал, откако синоќа беше создадена европска Суперлига, во која треба да настапуваат 20 најдобри тимови во светот, а натпреварувањето го формираа 12 гиганти.

Прв претседател на Суперлигата ќе биде Флорентино Перез, кој е главен човек на Реал Мадрид, а негови соработници ќе бидат Андреа Ањели, Џоел Глејзер и други познати личности.

„Ќе му помогнеме на фудбалот на светско ниво и ќе го поставиме на прво место во светот. Фудбалот е глобален спорт во светот со повеќе од четири милијарди навивачи и наша одговорност како најголеми тимови е да одговориме на нивните желби“, кажа Перез.

УЕФА и ФИФА веќе се заканија со суспензии за сите кои ќе настапуваат во европската Суперлига, па останува да видиме што ќе се случи.