Перез смета дека го купил најдобриот на светот: „Тој ќе стане легенда на Реал“


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е творец на најголемата фудбалска сила каква што е Реал Мадрид. Овој 77-годишен потпиша десетици големи играчи и го направи својот тим најдобар.

Перез, како претседател на Реал, го направи најдоброто можно, а особено му се оддава почит поради трансферите што ја сменија сликата на клубот.

Ретко доведуваше слободни играчи, но тоа сега е на некој начин тренд во Мадрид. Перез на тој начин ангажираше едно од најголемите засилувања во поновото време, а тоа е Килијан Мбапе кој стигна од Париз летово.

Самиот Мбапе рече дека може многу повеќе, но дека пред него се неколку одлични години во Мадрид. Со тоа се согласи и Перез, и рече: „Мбапе ќе стане легенда на Реал, не се сомневам во тоа.“