Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид ја освои 35. титула во шпанската Ла Лига, а едно од главните прашања за претседателот Флорентино Перез се однесуваше за Килијан Мбапе.
Титулата е обезбедена на четири кола пред крајот и сега вниманието е посветено на реваншот во полуфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ), а неизбежна тема е и францускиот напаѓач.
Французинот се очекува да потпише договор со „кралевите“, а Перез за време на прославата кажа нешто што ги возбуди навивачите.
„Велите дека навивачите се радуваат на Мбапе? Не сум размислувал за тоа, ама кога го кажавте, можеби сте во право… Ќе видите што се очекува од нас кога ќе ја составиме екипата за следната сезона“, кажа Перез.
Перез кажа и дека Карим Бензема ќе ја освои „Златната топка“, односно никој не може да го загрози по неговите одлични настапи оваа сезона.