Перез со „мизерна“ понуда сака да го купи Мбапе!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира следното лето да го ангажира Килијан Мбапе од ПСЖ, а тоа е трансфер кој веќе долго време се најавува во светските медиуми.

Шпанските медиуми претходно објавија дека Перез планира да потроши и 300 милиони евра за Мбапе, но поради економската криза предизвикана од ковид-19, Реал Мадрид ќе потроши „само“ 120 милиони евра.

Секако, доколку таква понуда прифати ПСЖ за својата ѕвезда, што во моментов звучи неверојатно, но до некаде е логичен потегот на првиот човек на шпанскиот шампион.

Доколку ПСЖ не ја прифати понудата на Реал, а притоа не успее да се договори со Мбапе за нова соработка, постои ризик дека на крајот може да остане и без пари, и без фудбалерот, кој има договор до 2022 година.