Перез со подмолен потег го понижил Ал-Келаифи, иако знаел дека е муслиман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во јавност се појавија деталите од последниот состанок меѓу претседателите на Реал Мадрид и ПСЖ, Флорентино Перез и Насер Ал-Келаифи.

ПСЖ и Реал Мадрид долго време имаат одлични односи, но во последниот период се случија тензии меѓу тимовите поради Килијан Мбапе.

„Ла Република“ во петокот објави детали од состанокот на кој Перез го понижил Ал-Келаифи без разлика на тоа што знаел дека е муслиман.

При заеднички ручек Перез пред Ал-Келаифи ставил две евтини вина од девет евра, а тоа газдата на ПСЖ го разбрал како навреда.

Кога излегле од ресторан, Перез го испрати Ал-Келаифи, додека тој молчеше и воопшто не се поздрави со првиот човек на Реал.

Ал-Келаифи очекувано не го допрел шишето со вино, но оваа ситуација уште еднаш покажа дека владее напнатост меѓу двајцата претседатели.