Перез со трансферите следното лето ќе го здрма фудбалскиот свет!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез летово не ангажираше нови засилувања, но очигледно се подготвува за следното лето.

„Кралевите“ не беа премногу активни на трансфер-маркетот, што ретко се случува, но Перез решил следното лето да го здрма фудбалскиот свет.

„Марка“ пишува дека приоритет на Реал ќе му биде Килијан Мбапе, кој откри дека сака да игра за шпанскиот шампион. Сепак, јасно е дека ПСЖ нема лесно да се откаже од него и ќе бара 200 милиони евра.

Меѓутоа, Перез има и резервна опција, а тоа е Ерлинг Халанд кој игра многу добро за Борусија Дортмунд и има клаузула од 100 милиони евра во неговиот договор.

Дефинитивно се подготвуваат „кралевите“ за следниот трансфер-период, па останува да видиме дали ќе успеат да ги ангажираат овие фудбалери.