Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Чаби Алонсо во недела се прости од Баер Леверкузен, а неговата нова задача ќе биде да го врати Реал Мадрид на победничките патеки, особено по поразот од Барселона во Ел Класико.
Дури ни хет-трикот на Килијан Мбапе не можеше да донесе ништо позитивно за Реал, откако Кралевите четврти пат оваа сезона загубија од Барселона.
Реал поведе по петнаесет минути благодарејќи на два голови на францускиот напаѓач, но Барса успеа да го сврти резултатот во првото полувреме, постигнувајќи четири гола.
Иако не можеше лично да биде таму, ова е нешто што го извади од такт Флорентино Перез, претседателот на Реал веднаш по натпреварот го повика Алонсо за да разговараат за идните планови на клубот.
Според „Defensa Central“, разговорот помеѓу човекот кој ќе го наследи Карло Анчелоти и долгогодишниот претседател на Кралевите бил многу интензивен.
„Проектот за следната година ќе се врти околу Мбапе. Тој беше единствен кој ги исполни очекувањата против Барселона и заслужува да ја предводи екипата”, наводно рекол Флорентино Перез.
Фото: Принтскрин