Перез влетал во соблекувалната на Реал и имал порака за Бензема!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше против Ваљадолид со 6-0 во 27. коло од Ла Лига, а хет-трик постигна францускиот напаѓач Карим Бензема.

Бензема се наоѓа во одлична форма пред дуелот со Барселона во шпанскиот Куп и Челси во Лигата на шампиони (ЛШ), а настапот против Ваљадолид го натерал претседателот Флорентино Перез да се симне во соблекувалната на тимот.

„Карим, сериозен сум. Ако продолжиш вака, не треба да се грижиме. Одиме по нов трофеј во Лига на шампиони“, кажал Перез во соблекувалната.

„Кралевите“ во моментов делува дека не може да се борат за титулата во Ла Лига бидејќи имаат 12 бода помалку од лидерот Барселона.