Перез во Мадрид враќа тандем од Манчестер јунајтед!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез размислува да ги врати Рафаел Варан и Касемиро во шпанскиот гигант.

Варан и Касемиро оваа сезона играат за Манчестер јунајтед, но Перез сака да ги врати во клубот затоа што му се потребни искусни фудбалери кои ќе им помогнат на младите да се прилагодат подобро во тимот.

„Би-би-си“ пишува дека Јунајтед е расположен да ги продаде Варан и Касемиро, а за нивните услуги ќе бара вкупно 100 милиони евра.

Интерес за овие двајца фудбалери покажаа и неколку екипи од Саудиска Арабија, па сè појасно е дека ќе заминат во текот на летниот преоден рок.