Перез за трансферот на Мбапе: Најверојатно сѐ ќе биде решено до 1 јануари!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Француски „Л’Екип“ објави интервју со Килијан Мбапе во кое Французинот зборува за неговата желба да потпише за Реал Мадрид.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез даде кратка изјава за интервјуто во кое Французинот отворено му се понуди.

„Во јануари ќе имаме вести за Мбапе. До 1 јануари се надеваме дека сѐ ќе биде решено за неговата иднина“, кажа кратко Перез.

Мбапе претходно кажа дека нема шанси да го продолжи договорот со ПСЖ затоа што смета дека е време за нов предизвик во кариерата, а тоа треба да биде Реал Мадрид.