Перез ја гледаше катастрофата на Реал на „Емирати“ и веднаш посака играч на Арсенал


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Реал Мадрид ќе се одигра во среда и тогаш ќе дознаеме кој од овие два клуба ќе патува во полуфиналето на ова натпреварување.

Топџиите по првиот натпревар одигран на „Емирати“ имаат огромна предност бидејќи остварија победа од 3:0.

Од друга страна, она што ги загрижува навивачите, но и сите во Арсенал, е фактот дека токму Реал Мадрид е тим кој може да се врати и од невозможни ситуации и тоа го покажале повеќе пати низ историјата.

Како што стојат работите, од Реал Мадрид се подготвија за одмазда кон Арсенал и за поразот на „Емирати“, но и за евентуална елиминација од ова издание на Лигата на шампионите.

Првиот човек на овој клуб Флорентино Перез е восхитен од настапот на Вилијам Салиба против Реал Мадрид и сака ова лето да го донесе во својот тим.

Фото: Принтскрин