Перишиќ договори трансфер во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ од следната сезона ќе игра за Челси, каде што се сели како слободен играч.

Перишиќ има договор со Интер до крајот на сезоната, по што е слободен фудбалер бидејќи не сака да го продолжи договорот, иако му беше понудена двегодишна соработка.

„Калчомеркато“ објави дека Перишиќ веќе има договор со Челси и ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“ на крајот на сезоната.

Деталите од договорот меѓу двете страни не се познати за јавноста, но се очекува наскоро да се појават во јавност.