Перишиќ го облече дресот на ПСВ: Ја избрав „петката“ поради Зидан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ имаше неуспешна авантура во Хајдук, по што се пресели во ПСВ.

Перишиќ имаше неколку понуди од различни страни на светот, но на крајот реши да потпише за ПСВ.

Холандскиот тим доби големо засилување во продолжение на сезоната, а Перишиќ кажа дека е изненаден што завршил во ПСВ.

„Да бидам искрен, изненаден сум поради овој трансфер. Бројот пет на дресот го избрав поради Зинедин Зидан, иако ‘четворката’ ми е омилена“, кажа Перишиќ.