Перковац: Ни „осум на шест“ немаше да ѝ помогне на Шпанија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска на почетокот на Европското првенство (ЕП) ја декласира Шпанија со 10 голови разлика, а селекторот Горан Перковац беше задоволен од неговите ракометари.

Перковац кажа дека се задоволни со големата победа и освоените бодови, но веќе со мислите се насочени кон следниот натпревар на ЕП.

„Шпанија можеше да игра и ‘осум на шест’ и тоа немаше ништо да им значи. Ова беше уметност, но нема да претеруваме затоа што ни претстои уште многу работа. Не знам кога се случило нивните голмани да имаат само една одбрана“, кажа Перковац.

Хрватска во следното коло ќе игра против Австрија, додкеа Шпанија ќе се соочи со Романија.