Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Проблемите меѓу Флорентино Перез и Зинедин Зидан често се случуваа во минатото, а нешто слично можеда се случи пак. Перез во своите два мандати од Реал направи машина за пари, земаа многу трофеи во Лигата на шампиони, но во шпанската лига не им оди најдобро.
Меѓутоа, познато е дека кога нема трофеи тренерот мора да замине, па се менуваа Пелегрини, Мурињо, Анчелоти, бенитез, привремени решенија, па Лопетеги, но Зидан е нешто друго.
Историјата на караниците меѓу него и Перез за фудбалерите е голема, а почна кога Зидан сакаше да се ослободи од Герет Бејл поради неговиот однос.
Зидан потоа замина поради Кристијано Роналдо, а исто така за несогласувањата околу Погба е одамна познато. Зидан инститирашеда го купи, но Перез не му ја исполни желбата.
Четврти фудбалер на листата е Канте. Него можеше Реал да го купи двапати, но никогаш не се случи тоа, додека последен на листата е Кејлор Навас. Тоа беше голман по вкус на Зидан, но Перез реши да го замени со Куртоа.