Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси не го почна најдобро првенството и по три одиграни меча има само четири освоени бодови, а следниот викенд ќе се соочи против Лестер сити.
Двата тима водат битка и во преодниот рок, односно Челси го сака Весли Фофана, а Лестер не попушта и не го продава за сума помала од 80 милиони фунти.
„Сините“ немаат многу време за засилувања, иако веќе ги ангажираа Стерлинг, Кулибали и Кукуреља, но тренерот Томас Тухел мора да реши пет проблеми во следните седум дена.
На Тухел му е потребен дефанзивец, а дали тоа ќе биде Фофана или некој друг ќе дознаеме наскоро бидејќи се чувствува „дупка“ во тимот по заминување на Рудигер и Кристенсен.
Втор приоритет е ангажирање на напаѓач бидејќи Стерлинг и Хаверц не се фудбалери кои би можеле да играат како шпиц, па најверојатно изборот ќе падне на Пјер-Емерик Обамејанг.
Трет проблем кој треба да се реши е креативен фудбалер во редот за врска затоа што Ковачиќ е повреден, а и Канте во последно време често заработува повреди, додека Жоржињо не изгледа најдобро.
Четврти приоритет е ослободување од фудбалерите на кои Тухел нема да смета, а тоа се Баркли, Кенеди, Ампаду, Батшуаи, Алонсо и други.
Петта главоболка за Тухел е тоа што мора да ја реши иднината на Пулишиќ, Зијех и Хадсон-Одои за кои има интерес, а не добиваат многу шанса.