Пет револуционерни откритија на Радомир Антиќ!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Радомир Антиќ вчера го напушти овој свет на 72 години, по кратка болест, односно рак на панкреасот. Цел фудбалски свет се збогуваше со легендарниот тренер.

„Марка“ посвети насловна страна на Антиќ, но и потсети на пет револуционерни откритија на српскиот тренер.

Едно од нив е Милинко Пантиќ, кој беше платен 450.000 евра. Токму тој беше еден од најзаслужните за историската и последна двојна круна на Атлетико Мадрид во сезоната 1995/96.

Молина – голман, но и либеро. Уште едно револуционерно откритие на тренерот. Тој го направи голманот да игр аи како трет централен бек, од кого почнуваше секоја акција.

Хозе Луис Каминеро – машина за голови. Напаѓачот на Атлетико беше во својата трета сезона во клубот кога стигна Антиќ, кој го извлече најдоброто од него.

Фернандо Херо е капитенот на Реал Мадрид, кој многумина го паметат, но Антиќ во сезоната 1991/92 му даде можност да игра како дефанзивен фудбалер за врска, по што тој беше втор стрелец во Ла Лига со 21 погодок.

Веројатно не сте знаеле, но Чави како дете на Барселона играл како дефанзивен фудбалер за врска, додека не пристигнал Антиќ, кој реши да го постави во средината на теренот.