Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер сити го совлада Лестер со убедливи 6-3 во одличен натпревар кој ги оправда очекувањата од „боксинг деј“, додека Арсенал славеше со 5-0 против Норич.
„Граѓаните“ постигнаа четири гола во мрежата на Лестер во првото полувреме, и тоа преку Де Брајне, Марез, Гундоган и Стерлинг.
Во вториот дел Лестер се врати во игра преку Медисон, Лукман и Ихеаначо кои намалија на 3-4, но потоа Лапорт ги „стресе“ за 5-3, а триумфот на „граѓаните“ го потврди Стерлинг во 87. минута.
Арсенал немаше милост за Норич, па поведе преку Сака и Тирни, по што во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа уште Сака, Лаказет и Смит-Роув.