„Петарда“ на Хамилтон во Канада!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот  светски шампион на Формула 1 возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи вечерва во трката за Големата награда за Канада во Монтреал и го намали заостанувањето зад водечкиот во генералниот пласман, клупскиот колега Нико Розберг на девет бодови.

За Хамилтон е втора по ред, а 45 победа во кариерата дојде за еде час, 32 минута, пет секунди, 296.

Тој петти пат во кариерата победи во трката за Голема награда за Канада.

Освен доброто возење на Хамилтон, трката ја одлучи и стратегијата, поради тоа што Британецот еднаш влезе во боксот, а неговиот главен конкурент во трката Себастијан Фетел од Ферари два пати.

Втор беше Германецот, а трет низ целта помина Валтери Ботас од Вилијамс.

Четвртото место го завзеде Макс Верштапен од Ред Бул, петти беше Розберг, а шести Кими Раиконен од Ферари.

Бодови уште освоија возачот на Ред Бул Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг од Форс Индија, Карлос Саинц од екипата на Торо Росо и возачот на Форс Индија Серхио Перес.

Наредната трка од шампионатот се вози во наредната недела во Баку за Големата награда на Европа.