Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Вечерва беа одиграни вториот дел од натпреварите во Лигата на шампиони. Убедлив триумф запиша Ливерпул против Аталанта од 5-0, а славеше и Реал Мадрид со 3-2 против Интер.
Диего Жота одигра сензационален меч за Ливерпул и постигна три гола, додека Мохамед Салах и Садио Мане додадоа по уште еден гол за 5-0.
Реал Мадрид беше поуспешен од Интер со 3-2, откако во првото полувреме Карим Бензема и Серхио Рамос постигнаа голови за домаќинот, а Лаутаро Мартинез намали на 1-2. Во второто полувреме Иван Перишиќ израмни на 2-2, а Родриго погоди за 3-2.
На останатите натпревари Манчестер сити го победи Олимпијакос со 3-0, Ајакс беше подобар од Мидтјиланд со 2-1, Порто го реши Марсеј со 3-0 и Баерн Минхен го растури Салцбург со 6-2.