Петриќ: Ќе дадеме сè од себе за да го победиме Рајн-Некар!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Вардар во квалификациите за Лига Европа ќе се соочи против Рајн-Некар Левен во сабота.

Вардар немаше среќа на ждрепката и за противник го доби германскиот гигант, но „црвено-црните“ сметаат дека имаат шанса да го совладаат ривалот.

„Рајн-Некар има млади ракометари. Мислам дека имаме шанса за победа. Ќе дадеме сè од себе за да победиме. И тие имаат слаби точки, ги гледавме и ги анализиравме“, кажа Стефан Петриќ.