Петровиќ барал да не оди на Светското клупско првенство – позната е причината!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот фудбалски голман Ѓорѓе Петровиќ оваа сезона ја помина на заем во Стразбур, а сега се врати во матичниот клуб Челзи.

Лондонскиот тим ќе учествува на претстојното Светско клупско првенство, а според новинарот на „Дејли Телеграф“ Мет Ло, српскиот голман побарал да не биде на списокот со играчи кои ќе играат во Америка.

Челзи не е сигурен дали може да му обезбеди место во стартната постава и поради тоа постои можност повторно да ја промени средината.

Токму поради таа причина, Петровиќ побарал да не оди во Америка за да може во наредните недели да се посвети на преговори.

Фото: Принтскрин