Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската репрезентација во футсал одигра 1-1 на тешкото гостување кај Србија во рамки на третото коло во квалификациите за Европското првенство во Холандија.
Пршиќ им донесе водство на нашите ривали во четвртата минута од мечот, по што Крстевски израмни на 1-1.
Србија имаше 30 удари кон голот на Македонија, од кои 13 завршија во рамки на голот, но Петровски со неговите неверојатни интервенции ја спаси репрезентацијата од пораз.
Македонија следниот меч го игра против Србија на домашен терен за четири дена.
Фото: Футсал репрезентација