Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Жерар Пике, пензионираната легенда на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, гостуваше во подкастот на Икер Касиљас и во него изложи идеја која би требало да влијае на тоа натпреварите да не завршуваат со резултат 0:0. Поранешниот стопер екипи чии натпревари завршуваат без голови би ги казнил така што ниту една од нив не би освоила ниту бод.
Наместо по еден бод на секоја екипа, како што се доделува денес, Пике е сигурен дека нула бодови во случај на натпревар без голови би ги натерало двата тима во финишот да тргнат по победа.
„Не може да одиш на фудбалски стадион, да потрошиш 100€, 200€ или 300€ и натпреварот да заврши 0:0. Нешто мора да се промени. Предлогот за разгледување би бил дека ако натпреварот заврши 0:0, екипите да не добијат бод. Во 70-тата минута натпреварот би се отворил”, вели поранешниот шпански фудбалер.