Пике е без милост – повторно ѝ нанесе болен удар на Шакира!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жерар Пике првпат во јавност зборуваше за разделбата со атрактивната пејачка Шакира и кажа дека ќе продолжи и понатау да прави што сака во неговиот живот.

Пике се чувствува среќен и нема намера да се извини за разделбата со Шакира.

„Го правам тоа што сакам. Сакам да бидам верен на самиот себе. Нема да трошам пари за да ги оправдам моите постапки. Се случи промена во мојот живот за да останам среќен. Секој има одговорност да го направи тоа што е најдобро за нивните деца“, кажа Пике.

Бившиот фудбалер доби прашање и дали слушнал дел од песните на поранешната избраничка, која постојано го провоцира.

„Да, секако дека слушнав. Но нема да зборувам за тоа. Секој од нас носи одлуки за себе. Јас сакам да знам само дека децата ми се добро“, вели тој.