Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Француските медиуми објавија дека Барселона прифатила во договорот со Лионел Меси да постави клаузула, според која Аргентинецот ќе може да стане слободен на крајот на секоја сезона.
Меси има право на крајот на секоја сезона да стане слободен фудбалер и да го промени клубот по сопствена желба. Таа клаузула функционира од 2017 година, но во Барселона не се загрижени.
„Тоа е нешто што го знаев, но не се грижам, зашто знаеме колку Меси ја почитува и сака Барселона“, вели Пике.
Стоперот на Барселона зборуваше и за потенцијалниот трансфер на Нејмар, па откри дека разговарал со него и најверојатно Бразилецот ќе се врати во Каталонија следната година.