Пике го исмејува обидот на Реал Мадрид да го купи Мбапе 📸


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Реал Мадрид испрати понуда од 220 милиони евра за услугите на Килијан Мбапе, но ПСЖ не сакаше да ја прифати и го задржа Французинот.

Шпанските медиуми беа убедени дека Мбапе ќе стане нов член на „кралевите“, но тоа не се случи, а Жерар Пике веднаш реши да ги исмејува поради тоа.

Пике објави фотографија со наслов на „Марка“ за тоа „кој број на дресот ќе го оси Мбапе“, а дефанзивецот пиша „бројот 7“.

Дефанзивецот во минатото често го провоцираше големиот ривал, па ова сигурно нема да биде ниту последен пат.