Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике откри дека соиграчите и тој барале првиот човек на клубот да го врати Нејмар од ПСЖ во нивни редови, па дури и за тоа ако било потребно да ги намалат платите.
Парижаните платија 222 милиони евра на Барселона за Бразилецот пред неколку години и сега не сакаат да го пуштат за помала суа.
„Минатото лето му кажавме на Бартомеу да се направи модел според кој ќе беа намалени нашите плати за да се прилагодиме на финансискиот фер-плеј. Нашата заработка од една година да се префрли на друга или нешто слично, за да може да го вратиме Нејмар во екипата“, кажа Пике.
Интересно е тоа што Нејмар сака да се врати во Каталонија, па можеби желбата ќе му се исполни наредното лето.