Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот шпански дефанзивец Жерар Пике покрај професионалната фудбалска кариера, гради импресија и надвор од терените.
Компанијата на Пике, „Космос Холдинг“ ја искористи шансата и ги откупи правата за пренос на натпреварите од Лига 1.
Пике повлече тактички потег со оглед на тоа дека Лионел Меси неодамна го засили ПСЖ и ова ќе му донесе многу пари на дефанзивецот.
Меси се очекува да дебитира вечерва против Ремс, а Пике ќе заработи многу пари, иако засега не се открива точната сума.
Освен клупската, Шпанецот мислеше и на репрезентативната понуда, па така „Космос“ ќе ги пренесува и натпреварите од Копа Америка.