Пике реагираше по шпекулациите дека ќе засили голем ривал на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жерар Пике неодамна реши да ја заврши фудбалската кариера и да ѝ ги прости долговите на Барселона, па така ја воодушеви јавноста и навивачите на каталонскиот гигант.

По повлекувањето на Пике пристигна вест во шпанските медиуми дека дефанзивецот всушност сакал да засили друг гигант, а тоа е Атлетико Мадрид.

„АС“ објави дека Атлетико е заинтересиран за Пике и наводно веќе му понудиле соработка, но Пике веднаш реагираше по шпекулациите и јасно го кажа неговиот став.

„Веќе кажав дека нема да носам друг дрес. Нема смисла да заминам од Барселона и да потпишам за Атлетико. Таа вест е глупава и смешна. Немам никаков проблем со Атлетико или со нивните навивачи, но јас решив да се пензионирам“, вели Пике.