Пике се понуди да си замине од Барселона, сега му стигна сензационална понуда од Премиер лигата


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Џерард Пике прв излезе со јавен коментар по дебаклот од Баерн Минхен и истакна дека е подготвен да си замине од Барселона за доброто на клубот.

Дека иднината на одличниот стопер на „Камп Ноу“ не е сигурна потврди и претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу кој не го спомна стоперот во имињата кои се сигурни дека нема да си одат од клубот.

Сега каталонскиот весник „Спорт“ пренесува неверојатна информација поврзана со евентуалниот трансфер на Пике.

Имено, претставници на Фулам ја контактирале Барселона за сензационален трансфер на стоперот во Премиер лигата.

Џерард Пике беше дел од Манчестер Јунајтед и добро знае како е да се игра во Англија, но се уште не се знае дали би прифатил понуда од тимот на Фулам.