Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Жерар Пике не беше среќен по ремито против Севиља (0-0), со што им дозволија на нивните ривали од Реал Мадрид да ги стигнат на табелата, доколку слават вечерва против Реал Сосиедад.
Барселона се измачи против Севиља, а на крајот можеше да биде среќна што освои и бод.
„Мислам дека ќе биде тешко да се освои лигата. Ќе се потрудиме, но мислам дека Реал Мадрид нема да загуби бодови до крајот. Тоа не е нешто што ние го контролираме. Од ова што го видов во последните два натпревари, ќе ни биде многу тешко да ја освоиме титулата. Имавме шанси, но не успеавме да славиме“, кажа Пике.
Во вторник Барселона ќе игра против Атлетик Билбао, против кого ќе немаат право на нов кикс.