Пике си доби нов договор, па почна да „плука“ по Бартомеу, а зборуваше и за Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ел Класико“ се игра викендов, а на интернет се појави интересно интервју со Жерар Пике, кој со години е еден од најважните фудбалери на Барселона.

Пике го продолжи неговиот договор пред два дена, но и покрај тоа вели дека не се сложува со претседателот на клубот, Жозеп Марија Бартомеу.

„Мојот однос со претседателот може да биде срдечен. Но, лудост е што клубот потроши пари за нас да н è критикуваат“, вели Пике.

Исто така, Пике не се сложува ниту со начинот на кој каталонскиот гигант им ги намали платите на своите ѕвезди.

„Начинот на кој клубот ни ги намали платите е навистина лош. Не се сложуваме со тоа. Во секој случај, Барселона ми даде сè, па поради тоа сум на располагање на тимот“, објаснува Пике.

Дефанзивецот го коментираше и потенцијалното заминување на Лионел Меси, кој очигледно следното лето ќе потпише за друг клуб.

„Го замолив да остане. Стадионот треба да го носи неговото име, Лео тоа го заслужува. Не може некој кој игра 16 години за клубот да дојде и преку факс да соопшти дека заминува“, вели дефанзивецот.