Пике: Жал ми е за Суарез, но постои надеж за Меси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жерар Пике го убеди Лионел Меси да остане во Барселона и сезонава, иако Аргентинецот сакаше да замине минатото лето, а сега се поставува прашањето дали некој ќе успее да го задржи и следното лето, кога му завршува договорот.

Пике не е оптимист за иднината на Меси во Барселона, но се надева дека Аргентинецот ќе реши да остане во каталонскиот гигант.

„Сите сакаме Меси да остане, но не сум сигурен. Само Лео го знае одговорот, ќе треба него да го прашате. Додека е тука со нас постои надеж, се надевам дека ќе успееме да го убедиме“, кажа Пике.

На Пике тешко му паднала разделбата со Суарез, а тоа го откри за медиумите.

„Ми беше многу жал кога Луис замина бидејќи помина во клубот многу години и делевме многу искуства. Да, играте само 90 минути на теренот, но поминувате многу часови со тие луѓе“.