Пике знае како да се подмити судија – сретни го на тајна локација и дај му „црни“ пари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона се соочува со сериозни проблеми затоа што е обвинета за корупција, односно исплаќање на пари на поранешниот член на судиската комисија, Хозе Марија Енрике Негреира.

Каталонскиот гигант на Негреира му исплатил 8,4 милиони евра од 2001 до 2018 година и наводно добивале помош, но Барселона се брани дека тоа не е вистина.

Мислење за овој случај даде и поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике кој кажа дека неговиот тим не „купувал“ судии.

„Никогаш во животот не сум го сретнал господинот Негреира, ниту син му. Подготвен сум да се заколнам. Барселона не подмитувала судии, а ако сакате да направите такво нешто, тогаш е многу лесно. Сретнете се со него на тајна локација и дај му црни пари“, вели Пике.